Вашингтон стејт ја забележа и седмата победа по ред оваа сезона во НЦАА лигата, доцна синоќа со убедливи 90:62 триумфираше над Прејри Вју Пантерс.
Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски повторно имаше клучен придонес и забележа 11 поени, воглавно постигнувајќи тројки.
Кај неговите тимски колеги најрасположен беше Ефе Абодиги кој запиша „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 14 скока.
На табелата во групата „Пацифик 12“ сега води Вашингтон стејт (7-0), пред Орегон (6-1), Колорадо (5-1), Аризона (5-1)..
На почетокот од видео записот можете да погледнете три тројки на нашиот играч против Прејри Вју: