Поранешната европска фудбалска sвезда направи неверојатна глупост.
Фреди Гуарин многумина го паметат по неговите игри во Интер, а тој беше член на генерацијата на Порто која ја освои Лига Европа во 2011 година.
Колумбиецот во моментов е член на Милонариос од Богота, а денес беше уапсен во Богота по неверојатен скандал.
Имено, овој 34-годишник е уапсен откако ги нападнал своите родители, пред се татко му, а потоа и другите членови на семејството.
Fredy Guarín, volante de Millonarios, habría protagonizado un hecho de violencia intrafamiliar en casa de sus padres. La Policía tuvo que intervenir en el suceso e informó que uno de los padres sufrió lesiones.#FPC #Millonarios #Guarín pic.twitter.com/OpSStPIq8N
— Habla Deportes (@HablaDeportes) April 1, 2021
На видеото се гледа како Гуарин е во крвави фармерки и е приведен од полициски службеник. Вистинските причини за овој скандал допрва треба да бидат откриени.
Инаку, Гуарин пред неколку дена побара слободни денови, клубот излезе во пресрет, за денес да направи првокласен скандал.