Поранешната ѕвезда во американскиот фудбал, Филип Адамс убил пет лица, меѓу кои и две деца, по што извршил самоубиство.

Триесет и две годишниот одбранбен играч во НФЛ во автоматско оружје во Јужна Каролина ги убил доктор Роберт Лесли (70), неговата сопруга Барбара (69) и нивните внуци Ада (9) и Ное (5). Смртно настрадал и Џејмс Луис (38) кој работел кај убиените сопружници. Едно лице, со тешки повреди е пренесено во болница.

Родителите на Адамс биле соседи со убиените, а Роберт му бил доктор на Филип.

Адамс последен играл во 2015 година, а во НФЛ одиграл 78 натпревари за повеќе клубови.