„Правата на бугарските граѓани во РС Македонија и нивната недискриминација мора да станат клучен фокус на нашите односи. Бугарските граѓани мора да бидат еднакви со сите други народи на територијата на РС Македонија“, изјави во интервју за бугарската агенција БГНЕС, поранешниот министер за одбрана на Бугарија и долгогодишен дипломат Бојко Ноев.
„Додека не запре процесот на малтретирање на Бугарите во РС Македонија, којшто трае со децении, тие нема да започнат никакви разговори за членство во ЕУ. Човековите права, во овој случај правата на Бугарите, не се билатерално прашање, туку клучна европска вредност запишана во критериумите во Копенхаген“, вели Ноев.
Ноев е дециден дека Бугарија може и мора проактивно да ги спроведува своите национални интереси во НАТО и ЕУ, вклучително и во случаи кога тие не се совпаѓаат со интересите на нејзините сојузници.
„Бугарија ќе побара гаранции од РС Македонија, зборовите и ветувањата не се доволни“, вели Ноев во интервјуто за БГНЕС.
Погледнете го целото интервју на Бојко Ноев за агенцијата БГНЕС во видеата што следат: