Аргентинецот ќе го пропушти дуелот во Кралскиот куп против Корнела, како и лигашкиот натпревар против Елче.
Дисциплинската комисија на Фудбалскaта федерација на Шпанија го суспендираше Лионел Меси на два натпревари за црвениот картон (прв во дресот на Барселона) во финалето на Суперкупот на Шпанија во кое Каталонците загубија од Атлетик Билбао.
Прекршокот на Меси во самиот финиш од средбата е оценет како неспортски потег, севкупно тоа беше негов трет црвен картон во кариерата.
Колку отсуството на еден од најдобрите фудбалери на Барса ќе влијае на играта на тимот, останува да се види.
Моментно во „Ла Лига“ составот на Роналд Куман се наоѓа на третото место со 34 бодови, зад второпласираниот Реал Мадрид (37), водечки е Атлетико Мадрид (41), а плус „јорганџиите“ имаат и два меча помалку.
Breaking: Messi has been handed a two-match ban for his red card in the Spanish Super Cup final on Sunday. pic.twitter.com/Uay96EEuC2
— ESPN FC (@ESPNFC) January 19, 2021
ВИДЕО: Барса остана без трофеј, Меси го доби првиот црвен картон!