Екипата на Наполи попладнево со 2:0 славеше на гостувањето кај Фиорентина и со тоа повторно се вратија пред Јувентус кој вчера со 3:2 славеше над новиот шампион на Италија, екипата на Интер.
До крајот на сезоната има уште едно коло, кое се игра на 23-ти мај. За место во Лига на шампиони се борат Аталанта, која е во најдобра позиција, потоа Наполи, Милан и Јувентус. Во најлоша ситуација е Јувентус. Зошто? Па, доколку во последното коло победат сите екипи, тогаш Јувентус нема да игра во ЛШ, туку во Лига Европа. Треба да почекаме да видиме што ќе направи и Милан вечерва против Каљари. Доколку победи, тогаш во последното коло нивната пресметка со Аталанта доволно е да заврши нерешено, Наполи да победи, па Јувентус да не игра ЛШ. Сепак, се е можно и треба да се почека да заврши последното коло.
Инаку, стрелци на головите за Наполи во победата против Фиорентина беа Инсиње и Зелински.