Видеото е прегледано повеќе од 2 милиони пати…
Веројатно секој од нас се нашол во ситуација да фрли некој пар обувки бидејќи им се расипал патентот… меѓутоа сега ќе ви демонстрираме еден трик кој може да ви ги намали трошоците и да ги спаси вашите обувки.
Имено, еден чевлар на ТикТок профилот сподели видео во кое покажа како да го поправите расипаниот патент, а се што ви е потребно е клешта и чекан.
Во ова видео, кое е прегледано повеќе од 2 милиони пати, чевларот вели:
„Еве што правиме кога ќе ви се расипе патентот. Треба само да му дадете чиста позадина! Затварачот паралелно работи на две плочки, горната и долната, па кога ќе ви прескокне, тие повеќе не стојат една покрај друга, туку една на друга. Затоа чевелот се поставува на рамна површина и со клешти се задржува затварачот додека со чеканот лесно се удира по клештата. И тоа е се! Затаварачот повторно ќе работи како нов за само неколку секунди“, напиша тој, а како тоа изгледа погледнете во видеото…
@originalcobblersDIY zip fix for when I refuses to close #shoerepair #timberland #zip #ziprepair #diy