Силниот дожд кој од синоќа паѓа во различни делови на Србија доведе до излевање на реки и поројни потоци, поради што е прогласена вонредна состојба во 35 градови и општини.

Се урнал дел од мостот во Адрани кај Краљево, дел од Клиничкиот центар во Крагуевац поплавен, улиците на Владичин Хан биле покриени со ѓубре и кал, на патот кон Вишеград се појавил одрон, а поројот носел автомобили и поплавил села во Александровац, Брус, Трстеник, но и други градови.