Бројот на луѓе кои загинаа од катастрофални поплави во Европа продолжува да расте, а стотици сè уште се водат за исчезнати. Огромни операции за расчистување се во полн ек во четири земји, но останува ризикот од натамошно поплавување по пообилните врнежи од дожд.
Некои од европските лидери вината ја фрлија на климатските промени, оценувајќи дека ги прави екстремните временски настани почести и помалку предвидливи.
Тука ја раскажуваме приказната за една од најлошите временски непогоди што го погодија континентот во последно време …
Холандија
Најсеверната земја погодена од невремето е Холандија, со илјадници луѓе принудени да ги напуштат своите домови поради надојдените води. Во некои јужни делови на земјата, волонтерите деноноќно работеа за да издигнат бариери и да ги заштитат патиштата. Сепак, насипот покрај каналот Жулијана кај градот Лимбург попушти во петокот попладне, принудувајќи ги безбедносните експерти да побараат од луѓето да напуштат неколку села.
На реката Меус, властите започнаа со евакуација на големи делови од градот Венло во петокот попладне, а претходно им порачаа на луѓето во помалата општина Меерсен да ги напуштат своите домови.
Во мрежното предупредување се алармираше: „Има голема дупка во насипот … Веднаш напуштете го вашиот дом и заминете на сигурно“.
A caravan is washed away in flood waters in the Netherlands following heavy rainfall across Europe.
Read the latest here: https://t.co/W2HQl7WUAf pic.twitter.com/7jt5w0VorO
— Sky News (@SkyNews) July 16, 2021
Холандскиот привремен премиер Марк Руте, кој го посети подрачјето во петокот, рече дека регионот се соочува со „три катастрофи“.
„Прво, имаше корона, сега овие поплави и наскоро луѓето ќе треба да работат на расчистување и закрепнување“.
Белгија
Белгија е меѓу земјите најпогодени од поплавите на континентот. Бројот на починати достигна дванаесет во саботата, а други сè уште се водат за исчезнати. Bројни железнички линии и патишта останаа блокирани во источните делови на земјата.
Вторник е прогласен национален ден на жалост.
Премиерот Александар Де Кру рече: „Она што требаше да бидат убави летни денови, одеднаш се претвори во мрачни и крајно тажни денови за нашите сограѓани. Ова се исклучителни околности што нашата земја ги нема видено порано“, додаде тој.
Некои делови од земјата забележаа врнежи од дожд какви што не се паметат повеќе од 200 години.
Белгијците нервозно гледаа како реките кои течат низ градот Лиеж, во источна Белгија, продолжуваат да се издигнуваат и се закануваат дека ќе го преплават градот. Во Вервие, на истокот од земјата, огромна река сè уште тече по улиците на градот, а жителите ги прегледуваа своите поплавени домови и автомобили, откако нивото на водата се искачи за 10 метри.
Watch the moment a barge sinks as raging floodwaters engulf the Liege in Belgium.
Get the latest on Germany and Belgium’s floods here: https://t.co/reUM8uEdfy pic.twitter.com/iZK9WJ1RZD
— Sky News (@SkyNews) July 16, 2021
Повеќе од 20 000 луѓе во јужниот регион Валонија останаа без струја и многу други без вода за пиење.
Најмалку 10 куќи се урнаа во Пепинстер, кој беше еден од неколкуте градови и села потопени кога поројот со вода се пробиваше низ населените места. Кралот и кралицата на Белгија во петокот го посетија Пепинстер, шетајќи низ поплавените улици.
Белгија побара помош според системот на ЕУ за одговор на катастрофи и доби помош од Луксембург и Холандија и покрај тоа што овие земји исто така страдаат од поплавите.
Германија
Најлошо погодена земја според бројот на смртни случаи е Германија. Заклучно со саботата, 143 лица загинаа во западна Германија, во она што се нарекува најголема природна катастрофа во земјата во повеќе од половина век.
Властите се особено загрижени за оние што живеат во близина на браната во градот Васенберг, во близина на Келн. Стотици се евакуирани, поради стравувањата дека нејзиниот ѕид може да попушти.
Реката Ар, вообичаено помала притока на Рајна, предизвика најголеми штети бидејќи надојдената вода се проби низ долината и поплави сѐ пред себе.
Спасувачките екипи продолжија да бараат преживеани и во саботата, иако во многу градови и куќи нивоата на вода останаа високи. Околу 1.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, а цели заедници се отсечени.
Dramatic aerial footage has captured the aftermath of a field collapsing in western Germany following heavy rain and flooding.
Read the latest here: https://t.co/f8goqTz3pt pic.twitter.com/geujHY7Bgo
— Sky News (@SkyNews) July 17, 2021
Натчовечки напори за спасување на настраданите се правеа во Ерфштат, југозападно од Келн, во петокот, кога луѓето останаа заробени кога земјата попушти и нивните домови се урнаа. Официјалните лица таму стравуваа дека многумина не успеале да се извлечат, но до саботата наутро немаше потврдено нови жртви.
Низ погодените области, како и во Белгија, многу области сè уште се без струја и телефон. Властите соопштија дека економската штета ќе биде огромна, со оштетени стотици згради.
Швајцарија
Швајцарија нема толкава црна статистика како Германија или Белгија, но во вторникот претрпе една од најсилните бури во својата понова историја. Силни грмотевици во нејзиниот финансиски главен град Цирих, големи поплави и сообраќаен хаос.
Повеќе од 4 сантиметри дожд падна врз градот и над 3,1 сантиметар дожд падна за 10 минути на Валдег, непосредно надвор од градот. Делови од мрежата на автобуси и трамваи во Цирих запреа бидејќи паднатите дрвја блокираа линии, а некои улици беа под вода. Неколку реки и езера се прелеаја од своите корита како резултат на силниот дожд.
Големата поплава во четвртокот однесе автомобили, поплави подруми и уништи мали мостови во северните села Шлајтхајм и Бегинген.
Властите го подигнаа предупредувањето од поплави кај езерото Луцерн на највисоко ниво и го забранија целиот превоз. Предградието Валиселен ги предупреди луѓето да се држат настрана од реките бидејќи се зголемуваат водостоите.
Метеоролошката службата соопшти дека се предвидува натамошен дожд и дека поплавата најверојатно ќе се влоши, особено околу езерата и реките. Исто така, се предупредува и на одрони.