Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.

При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода, соопшти МВР.

Пожарот, како што информираат се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење./Макфакс

Текстот (Видео) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко е превземен од МАКФАКС.