„Тверкање“ на гроб, садо-мазо стајлинг, покриена со најлон, страсно бакнување со други девојки… Сето ова е дел од новиот спот на контроверзната раперка Карди Би (28) за песната „Up“. Малку е да се каже дека видеото е развратно и провокативно.

На Карди Би, очигледно, не ѝ било доволно бакнувањето со другите девојки во спотот и танцување на гробот, на кој пишува „Р.И.П.“ 2020“.

На кадровите од новото видео контроверзната раперка покажува и сексуални помагала.

Провокативната Карди реши да ги покаже своите бујни облини и во овој спот. Во некои сцени, таа лежи полугола на стаклена маса, со шишиња шампањско околу себе. За да не остане целосно гола, „скромната“ Карди се покрила со најлон.

Иако Карди секогаш привлекувала внимание со контроверзни видеа и комбинации на облека, овој спот сигурно е еден од најбизарните.

Добитничата на наградата „Греми“, пред објавувањето на новиот спот, рече дека се надева дека песната ќе направи поголем „бум“ од претходните песни.

– Сакав да направам нешто повеќе дрско, гангста – рекла Карди.