Манчестер јунајтед во 18 коло од Премиер лигата освои три значајни бодови на гостувањето кај Фулам кој успеа да го совлада со резултат 1:2.

Домаќините поведоа уште во петтата минута од мечот, мат во два потези. Андре-Франк од центарот на теренот испрати долга топка за Лукман, кој избегна офсајд замка, излезе сам пред Де Геа и со прецизен удар откосо од десната страна ја затресе мрежата (1:0).

Не се чекаше долго на израмнувањето, во 21 минута комбинираа „црвените ѓаволи“ на левата страна, на крајот Лук Шо се избори за слободен простор, одлично центрираше во петерецот каде домашните играчи за кратко ја одбија топката, но само до Единсон Кавани кој се запиша во листата на стрелците.

Конечниот епилог беше поставен во 65 минута, Пол Погба упати еден прекрасен удар со левата нога за голема радост на Јунајтед.

После овој триумф, севкупно 12-ти сезонава составот на Оле Гунар Солскјер повторно е на врвот со 40 бодови, два повеќе од Манчестер сити и Лестер на второто, односно третото место.

ВИДЕО: „Граѓаните“ во финишот го скршија отпорот на Астон Вила!