Еврокомесарот за проширување на ЕУ Оливер Вархеји и министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, чија земја е претседавач со ЕУ слетаа во Скопје. Тие по посетата на Софија и разговорите со тамошниот технички министер за надворешни работи, попладнево ќе имаат средби со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за Европски прашања Никола Димитров и петседателот Стево Пендаровски. Ова е обид за обезбедување на меѓувладина седница помеѓу ЕУ и Северна Македонија. Сепак, малку е веројатно тоа да се случи, односно одлуката да биде донесена на самитот во јуни, се разбира поради блокадата од Бугарија.