Голем број на дивижи животни настрадаа во големите пожари што ја зафатија нашата држава во изминатите неколку денови. Дел од нив се „избркани“ од шумите поради пожарите и густиот чад. Па, така еден жител на селото Умлена, пехчевско, додека работел на својата нива забележал волк. Волкот поради пожарите се спуштил ниско до нивите, до селото во потрага по храна. Ова е ретка појава бидејќи во овој период од годината волците никогаш не се спуштале толку ниско и блиску до селото и нивите.