Тес Холидеј, најпознатиот плус сајз модел во светот, за која иако малкумина веруваат дека редовно вежба и е физички активна иако тоа го прави јавно на социјалните мрежи, од неодамна објасни зошто повеќе нема да објавува видеа од нејзините вежби на својот инстаграм – профил.
„Нема повеќе да го споделам мојот тренинг или вежби за да докажам дека вежбам. Како дебела личност во ова тело, исцрпена сум што луѓето го користат моето тело и телата на другите дебели луѓе како оружје дека дебелите луѓе се лоши, опасни и дека сме закана за општеството“, рече Тес во првото видео што го објави на својот инстаграм – профил.
Тес исто така вели дека сака да им помогне на луѓето да ги прифатат своите тела без оглед на обликот и големината.
„Никој не е повеќе вреден и заслужува поголема љубов и прифаќање само затоа што вежба или има затегнато тело“, вели Тес, која посочува дека постои голема стигма околу почитувањето на луѓето вишок тежина кои вежбаат.
Тес активно вежба употребувајќи и редовни фитнес реквизити како јажиња, тегови и топка, а една од омилените, но и најтешки вежби е следната – ја фрла топката кон ѕидот и пред да ја фати, прави едно брзо клекнување. Обично вежба во својот дом и со импровизирани реквизити како балони со вода и прави цела серија вежби со нив, што се гледа на домашното видео.
Тес Холидеј ова лето забележа дека фустанот што го носела на доделувањето на Греми наградите, што ја стави на списокот на најлошо облечени, одеднаш стана најбараното парче облека кога послабите жени почнаа да го носат на социјалната мрежа „Тик Ток“ и укажаа на двојните аршини и медиумскиот мрак со кои се соочуваат жените со вишок килограми.