Во викендица во селото Матејче експлодирала плинска боца, објави ТВ21. Според нивните првични информации повредели биле шест лица. Три од нив завршиле на пластична хирургија, а останатите три во Градската болница. Лицата биле на возраст од 30 до 40 години.