Барселона на премиерниот меч од новата сезона славеше со 4:2 над Реал Сосиедад. Пике го постигна првиот гол, а беше еден од најдобрите поединци во победничкиот состав. Дефанзивецот неколку дена пред мечот прифати големо намалување на платата, а според извештаите од Каталонија, речиси ќе игра бесплатно. За возрврат Барса ќе му го продолжи договорот до 2025-та година.

По синоќешниот меч Пике објави видео со кое уште еднаш ги воодушеви фановите на Барса. На видеото се гледа како тој, кога бил дете бара и добива автограм од Роналд Куман, кој сега е тренер на Барселона.