Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, СДС признаа дека го координираат ССМ, барањата на синдикатот се нереални и политички.
Сања Лукаревска вчера на прес – конференција од Собранието призна, рече тој, дека СДС го координира ССМ и дека имаат состаноци во синдикатот.
Според него, она што не го кажа Лукаревска е дека на тие состаноци е договорен малициозниот и деструктивен пристап кон државата, со цел да се нанесе колку може повеќе штета.
„ВМРО-ДПМНЕ им го обелодени планот, и покажа дека ССМ со Слободан Трендафилов стана обична испостава на СДС. Од ССМ не може да се очекува ништо повеќе се додека на нејзино чело е Слободан Трендафилов, кој е задолжен кај СДС заради неговото поставување. И СДС и ССМ демаскирани сте, залудно е да продолжите со лагите, наместо деструкција бидете конструктувни и реални со народот и државата, така ќе добиете поголеми симпатии, наместо да тонете под секое ниво“, додава тој.