ДЗР по извршената ревизија во Лотарија, за периодот на работа на раководството поставено од СДС и ДУИ, утврдило нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од близу 2 милиони евра, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„2 милиони евра Перпарим Бајрами и Артан Груби, ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. Сето ова, се случувало додека СДС биле со тилот свртени кон криминалот и немо одобрувале.

Јавноста заслужува одговори, дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот од многуте криминали во Лотарија од 2 милиони евра? На кои сметки завршувале овие пари? Со кое право СДС го прикривал криминалот на кадарот на ДУИ? И зошто ЈО толку време немало постапено иако ние јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија?

Ете како СДС и ДУИ ги раководеа државните институции, ги исцицаа буџетите, и ги испокрадоа парите, ги уништија претпријатијата“.

Затоа, како што нагласува Петрушевски, одговорност мора да има, а сега, како што вели, го нема Коцевски да ги штити.

Текстот (Видео) Петрушевски: Каде завршиле 2 милиона евра од „Лотарија“, пари на граѓаните украдени од СДС и ДУИ е превземен од МАКФАКС.