Сашо Орданоски, кој важи за советник на Венко Филипче и СДС и сива еминенција во таа партија вчера во телевизиско интервју со најбрутални навреди го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го лажго и необразован. Дали Венко Филипче преку Сашо Орданоски ја нарече политиката на САД неонацистичка, прашува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се крие ли Венко Филипче зад Сашо Орданоски, и го напаѓа ли претседателот Трамп со навреди преку своите истурени играчи како Сашо Орданоски?

Дали Венко Филипче во очај, тргна по паметот на Левица и отвори војна со САД?

Очајот на Венко Филипче го проби секое дно“.

Венко Филипче да излезе, бара Петрушевски и да каже дали стои зад кажаното oд Орданоски, или ако не стои тогаш бараме јавно да се извини и откаже од него.