Силно невреме со дожд, грмежи и ветер вчера наутро го зафати главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

Невремето започна околу 4 часот и 30 минути утринава и за среќа не траеше долго.

Најлошо беше во Брчко, каде невремето однесе еден човечки живот, а проблеми се забележани и во Бањалука, Бјелина, Приједор, Тузла, како и во други градови низ Босна и Херцеговина.

Материјалната штета предизвикана од невремето се уште се утврдува, а некои надлежни служби известуваат дека во некои градови во БиХ таа е и милионска.

Во бурата која вчера предизвика хаос во Словенија, Хрватска и Србија животот го загубија пет лица, а причинета е огромна материјална штета. Силниот урагански ветер носеше се пред себе, кршеше прозорци и покриви, фрлаше контејнери, корнеше дрвја и уриваше кранови. Експертите ја споредуваат силата на оваа бура со јачината на атомската бомба, а сите се согласуваат дека никогаш не виделе ваква бура.


Познатиот пензиониран климатолог Звонимир Катушин за српските медиуми изјави дека никогаш не видел невреме како она што прво го опустоши Загреб, а потоа и Србија.