Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани. Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите. Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност, порача претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на знаковиот јазик.

Тој сними видео порака со знаковен јазик.