Манчестер Јунајтед не успеа да стигне до нов европски трофеј затоа што загуби од Виљареал во финалето од Лигата на Европа по пенали.

Регуларниот дел од натпреварот на стадионот „Миејски“ пред околу 8.000 гледачи заврши со резултат 1:1. По судиското продолжение немаше измени, па пеналите го одлучија победникот.

Голманите Рули и Де Геа не успеаа да одбранат ништо иако беа неколкупати близу. На крајот беа изведени дури 11 серии, а шпанскиот тим беше подобар.

Кога стигнаа голманите да изведуваат, Рули рутински го изведе својот пенал, а потоа на ред дојде Де Ге тој не го реализира пеналот затоа што беше одбранет неговиот удар од колегата од другиот тим.

Искусниот чувар на мрежата сигурно ќе има непроспиени ноќи пред него, но нема да има многу време да лелека бидејќи Европското првенство со Шпанија веќе го чека за неколку недели.