Јувентус славеше со 3:1 во пресметката со Џенова, а се чини дека без многу мака стигна до трите бодови. Горан Пандев и Џенова едноставно беа немоќни.
Кулушевски во 4-та минута го отвори резултатот. Бекот се најде во казнениот простор на Џенова, а по додавањето од Квадрадо постигна убав гол. Горан Пандев беше во непосредна близина, а иако се обиде, сепак не успеа на време да го „маркира“ Кулушевски. Мората во 22-ра зголеми на 2:0 по она неверојатно промашување на Кристијано Роналдо, а во 49-та минута Скамака ја врати неизнесноста, но барем за момент. Во 70-та МекКени стави точка на мечот и конечни 3:1.
Јувентус сега има 62 бодови, еден помалку од Милан, а 12 од лидерот Интер.