Салман ал-Башир, новинар кој работи за Палестинскиот ТВ канал, ја соблече својата заштитна опрема во знак на револт додека известуваше во живо откако дозна за смртта на неговиот колега Мохамед Абу Хатаб.

Тој даде емотивна изјава надвор од болницата каде што Хатаб и неговото семејство беа прогласени за мртви.

Палестинската водителка на вести во студиото можеше да се види како плаче додека Башир изјавуваше дека новинарите не се заштитени, а заштитните елеци и шлемови означени како „прес“ (press) претставуваат „само слоган“.

Башир рече дека Хатаб бил жив само 30 минути претходно, додавајќи дека новинарите што известувале од Газа се „жртви во живо на телевизија“.

Хатаб беше убиен заедно со 11 членови на неговото семејство во израелски воздушен напад врз нивниот дом во јужниот дел на Газа, според официјалната палестинска новинска агенција Вафа.

Според Комитетот за заштита на новинари