Сум имал дуели на стаза и тоа доста жестоки и тоа е дел од играта, но ова, ова не се простува, ова го напиша летечкиот Македонец, односно Игор Стефановски Иџе откако објави видео од неговата кабина. Многу добро се гледа како Иџе ита кон подиумот во финишот на трката, а одеднаш удар од позади. Губење на контролата, удар во ѕид и крај на трката.
Тоа се случуваше на денешната втора трка о Монца, додека на вечрашната прва Иџе беше четврти.