Ве враќаме во минатото, во едно друго време и друго место. Горан Пандев е името и презимето на играчот кој го гледате на фотографијата, многу променет и повеќе коса кога бил мал, но талентот и тогаш и сега е ист. Ви презентираме снимка од едно друго време, кога Пандев славеше победа со 5-3 и по втор пат го освои Купот на Македонија.
Јас сум Пандев Горан, член на Беласица. Овој натпревар беше многу тежок, поведовме со 2-0…Потоа домаќините израмнија на 2-2, но ние сепак смогнавме сили на крајот издвојувавме победа со 5-3 и го освоивме по втор пат купот на Македонија.
На прашање на новинарот кој е неговиот учинкот на натпреварот тој вели:
Мојот учинок беше постигнуавњето на вториот гол и уште еднаш тргнавме кон нова победа.
Оваа снимка ја објави денеска регионалната телевизија ВИС од Струмица, а ова е само уште еден доказ дека медумите надвор од Скопје кријат во себе големи богатства, а за жал голем дел од нив згаснаа а со тоа се оштетија и снимки и фоторафии кои се од национална важност за нашата држава.