Емили Дукоте ја освои празната шампионска титула во сламка категорија против Даниела Тејлор со спектакуларен нокаут.
Емили Дакоте на брутален начин ја нокаутираше Даниел Тејлор во првата рунда во борбата за Инвикта шампионска во категоријата сламка. Тејлор која е позната во УФЦ круговите, се најде на под, а Дакоте го прослави својот најголем успех во ММА кариерата и тоа на спектакуларен начин.
Таа најпрво ја удри противничката со десно кроше кое речиси ја заспа на нозе, а потоа ја испрати на подот со висок ножен удар.
OH MY GOODNESS! @ducote_brunette knocks out Danielle Taylor to claim the Invicta FC Strawweight Championship! #InvictaFC44 pic.twitter.com/36fOec0CBN
— Invicta FC (@InvictaFights) August 28, 2021
Судијата во тој момент ја прекина борбата. Овој нокаут сигурно ќе си го најде местото меѓу најдобрите во оваа година, а како изгледаше можете да погледнете во видеото.