Владата пред два дена донесе нови рестриктивни мерки, поради зголемениот број на нови случаи на коронавирусот. Тие подразбираат забрана за влез во угостителски објект, кафана, кафуле, ресторан, но и сите затворени објекти каде има повеќе од 30 лица. Угостителите ќе треба да ангажираат редари кои ќе проверуваат дали тие што влегле во угостителски објект имаат сертификат за вакцинација.
Откако ова беше најавено се создаде хаос на вакциналните пунктови, во Скопје, но и во другите градови. Речиси за три пати е зголемен интересот за вакцинација. Граѓаните можат да се вакцинираат без закажан термин, а мерката за сертификати во затворен простор ќе почне да се спроведува од 16-ти август.