Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни, и да ја наметнеме нашата позитивна агенда која двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме. Нема да доволиме да бидеме жртва на киднапери на овој наратив којшто сакаме да го изградиме од двете страни, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија.

Османи, кој заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, уште еднаш го осуди нападот врз Пендиков.

Тој исто така упати и порака дека нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ.

-И затоа сакам и да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Северна Македонија, со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Северна Македонија. Значи и двете прашања ќе мора подеднакво.  Фокусот денеска е на ова насилство врз Христијан коешто мора да го осудиме, и мора да создадеме атмосфера на нула толеранција, но исто така и провокација од политичари кои доаѓаат во Северна Македонија среде Скопје, го негираат македонскиот народ, го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го пркеинеме и тој вициозен циклус во којшто сме влезени мора да престане, дециден е Османи.