На социјалните мрежи е објавено видео во кое наводно се гледа како заменик директорот на БЈБ Ариф Асани ургира за ослободување криминалец кој пукал на полицаец.
На видеото објавено на Твитер се гледа пукање кон полициски службеници и како, според профилот на Твитер, Асани пристигнува на местото. Потоа наводно врши притисок криминалецот кој пукаше кон полицајци да биде ослободен.
По кратка расправија криминалецот е ослободен, а Асани го напушта местото.
ВИДЕО: МВР на Спасовски дувло на криминалци. Заменик директор на БЈБ Ариф Асани ослободува криминалец кој пука на полициски службеник во Чаир pic.twitter.com/eu4IM9OCHf
— Гледачот (@gledacot2) May 29, 2022