Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби. Градоначалникот објави дека од 5 часот утрово се урива дивоградба во Инџиково.

„За урбаната мафија нема место во Гази Баба. Законот мора да се почитува. Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект. Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности“, објави градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој упати апел до сите граѓани да ги почитуваат законите и да не започнуваат градба без добиено Одобрение за градење.

Текстот (Видео) Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби е превземен од МАКФАКС.