Sвездата на филмот „Брилијант“, Оливиjа Њутн Џон изјави дека сака да и се обрати на јавноста со цел да подари надеж по оваа тешка година за целиот свет.
На видео објавено на нејзиниот инстаграм – профил, Оливија рече: “Само сакам да ви посакам најсреќна и најздрава празнична сезона. Ќе успееме да поминеме низ ова. И ова ќе помине”.
Таа изјави дека се надева дека „2021 година ќе ни донесе нови работи и подобри вести“.
„Треба само да го одржувате расположението и да размислувате позитивно“, додаде актерката.
На Оливија за прв пат и бил дијагностициран карцином на дојка во 1992 година и иако се чинело дека сè е во ред откако поминала низ хемотерапија и мастектомија, карциномот се вратил две децении подоцна.
Поточно, во 2013 година, актерката дознала дека има рак по втор пат по сообраќајна несреќа која ја доживеала, а лекарите за малку ќе го промашеле туморот бидејќи болката им ја препишувале на модринките по нејзиното тело по несреќата.

Оливија инсистирала на дополнително тестирање, кое подоцна потврдило дека ракот се вратил.
Сепак, во 2018 година, ѕвездата открила дека по трет пат и е дијагностициран со рак, кој напредувал во 4-та фаза и се проширил на грбот со тумор пронајден на дното на ‘рбетот.
Говорејќи во јануари оваа година, Оливија сподели дека користела медицински канабис и природни лекови, како и конвенционални лекови за време на борбата против оваа болест.