Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.

Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.

Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.

Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.

Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб е превземен од МАКФАКС.