Доцна синоќа во НБА лигата играчите на Денвер се поразени од составот на Бруклин со конечен резултат 122:116.
Српскиот центар Никола Јокиќ беше блиску до „трипл-дабл“, запиша 23 поени, 11 асистенции и осум скока. На спротивната страна за Нетси доминираше Кевин Дурант со 34 коша, 13 асистенции и девет скока.
Бруклин направи серија од дури 29:4, го доведе мечот во свој ритам, како и во егал, па Денвер повторно дојде до предност на 113:111. Но, со серија од 10:0, Бруклин го потврди триумфот.
Јокиќ низ дури седум украдени топки стана првиот центарски стартер кој дојде до барем 20 поени и седум украдени топки уште од Хаким Олајџувон во 1990 година.
Воедно, Србинот е првиот со барем 20 поени, 10 асистенции и барем пет украдени топки од 1994 година, и тогаш Олајџувон имаше слична статистика, 7 април.
НБА, резултати –
Филаделфија Сиксерс-Мајами Хит 137:134 (120:120, после 1 продолжение)
Бруклин Нетс-Денвер Нагетс 122:116
Кливленд Кавалирс-Јута Џез 87:117
Чикаго Булс-Бостон Селтикс (одложено)
Хјустон Рокетс-Лос Анџелес Лејкерс 100:117
Оклахома Сити Тандер-Сан Антонио Спарс 102:112
Голден Стејт Вориорс-Индијана Пејсерс 95:104
Табела, Источна конференција:
1.Бостон Селтикс 7-3
2.Филаделфија Сиксерс 8-4
3.Милвоки Бакс 7-4
—
Табела, Западна конференција:
1.Лос Анџелес Лејкерс 9-3
2.Феникс Санс 7-4
3.Јута Џез 7-4
—