Синоќешниот земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Лерин, поточно на границата со Македонија, беше најмногу почувствуван во Битола, иако потресот беше почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Прилеп, Струмица и други градови. Сепак, најсилно беше почувствуван во Битола, каде е регистрирана и материјална штета. Има испукани ѕидови на згради и куќи. Голем број Битолчани ноќта ја минаа на отворено откако по земјотресот имаше афтершокови.
Гледај со звук #битола #земјотрес pic.twitter.com/Qj2I61MV6M
— A Jordan (@filozofot) January 9, 2022