На денешен ден, 29 мај 1991 година.
Пред точно 30 години едни од најголемите македонски фудбалски легенди во историјата, Дарко Панчев и Илија Најдоски, со Црвена Звезда се закитија со европската круна. Еден од најславните голови, најславниот пенал на Дарко Панчев во кариерата.
Ако погоди тогаш неговиот тим е европски првак.
И погоди…“Дарко, Дарко, Даркооо“ лудуваше коментаторот, еуфорија во тогашна фудбалска Југославија. Најславниот момент во клупскиот фудбал во земјата која тогаш се распаѓаше.