За 30 минути од Лисиче до Ѓорче. 3 600 патници ќе се превезуваат за еден час. Побрз, поефтин, поеколошки и единствен на Балканот- вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тендерската постапка за Бас Рапид Транспорт започнува на почетокот на август, а прокетот би завршил во 2024-та година. За реализација на овој проект Европската банка за обновлив развој ќе додели заем во износ од 70 милиони евра на кој рокот за отплата е 15 години, со грејс период од четири години.
Ќе има физички издвоена траса околу која ќе има зелени појаси. Потоа, станици од затворен тип на кои наплатата ќе се врши на самата станица за да се избегне задржување на возилата на станицата. До таа мера ќе биде автоматизиран системот што во затворената автобуска станица во моментот кога ќе застане возилото се отвораат вратите и од возилото и од станицата со цел да има трансфер. Ќе биде поставен систем за наплата со паметни картички, систем за информации на патници во реално време. Сето ова, според властите, ќе обезбеди поефтин јавен превоз од сегашниот и интеграција со останатите видови на превоз се дел од карактеристиките на новиот Бас Рапид.