„ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Очајни се обидите ставовите на новинари да се прикажат како ставови на СДСМ, а комедија е обидот да се прикаже СДСМ како антизападна партија, кога ние со сите дела во минатото и сега покажуваме дека сме партија која посакува и работи на европска иднина.
Го разбираме нивниот гнев во ситуација кога немаат ниеден конкретен успех на ниедно поле, ниту политики со кои граѓантие живеат подобро. Наместо да се занимаваат со овие теми треба да објаснат на граѓаните зошто цените во маркетите се толку високи, зошто неможат да врзат крај со крај и како мислат да го подобрат животниот стандард на граѓаните. Но нив очигледно им е работа да прават дефокус и да етикетираат новинари“, одговори Кузеска на новинарското прашање.