Обвинителот Гаврил Бубевски ја коментираше пресудата на судот за случајот „Титаник 2“ во кој во повторното судење Сашо Мијалков и Мендух Тачи добија по 2 години затворска казна. Истата затворска казна им беше изречена и на обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.

Кривичното дело за кое е осуден Мијалков, „Примање награда за противзаконито влијание“, му застарува за три месеци, или во април 2023 година. Ова значи дека доколку дотогаш пресудате не стане правосилна, односно потврдена од Апелација, тогаш казната затвор од две години паѓа во вода. Тој се гони за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година.