Слободан Кашчелан кој во полициската евиденција е означен како водич на Кавачкиот криминален клан е уапсен во Котор, јавуваат црногорските медиуми.
На Твитер налогот на полицијата на Црна Гора е објавено видео од приведувањето и носењето во полициска станица.
-Службеници на полицијата превземаат планирани активности насочени кон криминални групи. Уапсени се повеќе лица. Активностите се во тек, стои во објавата.
Službenici @PolicijaCG preduzimaju planske aktivnosti usmjerene prema kriminalnim grupama.
Uhapšeno više lica.
Aktivnosti su u toku.@VladaCG pic.twitter.com/6EJcPM4nyz— Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) April 21, 2021
Како што наведува весникот „Вјести“, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во истрагата, тој бил уапсен поради сомнение дека организирал криминална група која планирала и извршила тешки кривични дела за кои следува затворска казна до 40 години.
Во акцијата, како што се наведува, уапсени биле уште најмалку четири лица.
Според информациите на „Вјести“, Кашчелан и уште три лица биле уапсени во Котор, а еден од Плевља.