Актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, ја изненади сопругата со романтичен гест со кој направи милиони Американци да му се восхитуваат.

Американскиот претседател ја изненади својата сопруга, првата дама Џил Бајден, додека се качуваа на воениот хеликоптер „Marine one“ пред Белата куќа.

Бајден во ливадата виде глуварче, се наведна, го скина и ѝ го подари на сопругата.

На почетокот на претседателската кампања, Бајден во интервју за Си-Би-Ес опиша какви се неговите односи со сопругата.

„Јас едноставно ја обожавам. Можеби звучам глупаво, но кога ќе ја видам како се симнува по скалите, срцето сè уште ми чука“, изјави тој тогаш.