Нов вид коронавирус кој се појави во Велика Британија, исто така е регистриран кај лица во Австралија, Исланд, Италија и Холандија и неколку случаи има во Данска, соопштија денеска официјални претставници на Светската здравствена организација (СЗО).

ВИДЕО | СЗО: Новиот вид коронавирус „не е вон контрола”

Директорот за итни здравствени ситуации при СЗО, Мајкл Рајан истакна дека, иако новиот вид на вирус се шири многу побрзо од претходно познатата варијанта, преносот не е толку брз како кај сипаниците, заушките и варичелата.

Техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхов денеска истакна дека новиот вид на коронавирус пронајден во Јужноафриканската Република е сличен на оној од Велика Британија, но дека случаите не се поврзани.

ВИДЕО+ФОТО: Во Рим заразено лице со новиот мутиран вирус

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон на 19 декември објави дека новиот вид на вирус доведе до зголемување на бројот на новозаразени лица.

Неколку европски земји, меѓу кои и нашата, воведоа ограничувања за патување во Велика Британија.

Владата донесе одлука за забрана на летови од Велика Британија и Северна Ирска