Јалова беше Новата Македонија предвводена од Благоја Милевски вечерва во Скопје против Ерменија. Еден центаршут од Езѓан Алиоски беше речиси единствената поголема шанса за репрезентацијата на Македонија за водство на натпреварот кој вечерва во Скопје заврши нерешено (0-0) против репрезентацијата на Ерменија која пак никогаш досега не победила во Скопје.
Милевски се одлучи за формација 4-2-3-1 и шанса од првата минута добија Јаховиќ, Чурлинов и Костадинов. Враќањето на Михтарјан од првата минута е најголемата промена во ерменскиот состав, воден од Шпанецот Капарос.
Ерменците прокоцкаа одличен зицер во второто полувреме, но Македонија знаеше и добро да се одбрани.
Ељиф Елмассе најде во фокусот на вниманието поради еден атрактивен дриблинг и доби овации од публиката.
И двајцата селектори направија неколку измени, сите во второто полувреме.
Македонија за шест дена на 8-ми септември, на денот на независноста ќе се соочи со репрезентацијата на Романија.
ФОТО: Денис Дуковски | SPORTM.mk