Први во новата година влегоа малите пацифички острови Самоа и Кирибати, а потоа жителите на Нов Зеланд.
Самоа, која има 200.000 жители, во 2011 година одлучи да ја смени страната на датумската граница и сега е прва што влезе во новата година. Централната церемонија се одржа во главниот град на Самоа, Апија, а граѓаните и туристите уживаа во прославата и огнометот.
It’s already started! Happy New Year 2022 wishes you HYDRA-X! 🥰🙏🍀🪙💫
“People around the world are beginning to wave goodbye to 2021 and welcome 2022. The Pacific Island nations of Tonga, Samoa and Kiribati are the first… pic.twitter.com/TaWAUyeYlt
— HYDRA-X (@hydraxcoin) December 31, 2021
Потоа, жителите на Кирибати, островска држава сместена во западниот дел на Тихиот Океан, ја дочекаа 2022 година. Кирибати меѓу првите влезе во новата година од 1994 година, кога претседателскиот кандидат вети дека доколку победи на изборите, ќе се погрижи граѓаните на Кирибати први да ја дочекаат Новата година. Затоа, по изборите, земјата е поделена на три временски зони, а најисточниот дел од земјата слави прва во светот.
Само 15 минути по нив, Нов Зеланд влегува во Новата година, а на прославата наскоро ќе се приклучи и Австралија, каде повторно се очекуваат спектакуларни огномети во Сиднеј, една од главните атракции на новогодишната ноќ во светот. Потоа во новата година ќе влезат Јапонија, Кореја, Кина, Индонезија и Тајланд и многу други.