Притвореникот Вилијам Џенет починал откако неколку минути се борел за воздух и молел за помош додека полицијата го притискала и го држела со лицето надолу.
Ова се гледа од новите видеа направени во затвор во американската држава Тенеси.
Во тужбата поднесена во октомври 2020 година и изменета во февруари годинава од неговото семејството, ќерката на Џенет, Доминик тврди дека нејзиниот татко починал како резултат на употреба на прекумерна сила од седум полицајци додека бил во притвор во затворот во округот Маршал, по неговото апсење во мај 2020 година. Според тужбата, полицијата го држела Џенет „прикован“ за подот вкупно четири минути. Полицијата тврди дека постапките на полицајците кои учествувале во инцидентот биле оправадани, бидејќи притвореникот бил крајно непослушен.
Џенет бил уапсен со обвинение за опивање, непристојно однесување и давање отпор при апсење. Во докуметите стои и дека за време на апсењето бил под дејство на дрога.