Тотенхем е во резултатска криза, на последните четири премиерлигашки натпревари има само една победа, реми и двапати загуби на последните два дуели.
Во минатото коло претрпеа пораз дома во дербито од Ливерпул, а вечерва играчите на Жозе Мурињо ги разочараа своите навивачи откако загубија од послаборангираниот Брајтон со 1:0. Стрелец на единствениот погодок беше белгискиот интернационалец Тросар во 17 минута од средбата.
Ливерпул, пак, после низата лоши резултати, им се враќаат на победите, овојпат актуелниот шампион го надигра Вест Хем (1:3).
Сите голови беа реализирани во второто полувреме, за „црвените“ двапати стрелаше Салах, еднаш Вајналдум, додека поразот на домаќините го ублажи Досон.
Клубот од „Енфилд“ моментно е на третата позиција со 40 бодови, зад второпласираниот Манчестер јунајтед (41), а водечки е Манчестер сити (44) кој има еден натпревар помалку.
В недела се одиграа уште два меча, Лидс на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски изненадувачки славеше кај Лестер, а Челси со 2:0 триумфираше над Барнли (2:0).
ВИДЕО: Голема победа на Лидс, цел меч за Алиоски против Лестер!