Со доаѓањето на потоплите месеци, доаѓа и поголемата изложеност на сонце поради што секој човек треба да биде свесен за важноста од грижата за својата кожа.

Нанесувањето крема за сончање честопати се истакнува како една од навиките што може да помогне во заштитата на здравјето на вашата кожа.

Но, изминатиов период на социјалната мрежа „ТикТок“ повторно почна да се шири опасен тренд што го привлече вниманието на лекарите кои сè повеќе предупредуваат – ова може предизвика рак на кожата!

Овој тренд стана вирален откако беше објавен од моделот Ели Витроу од Лос Анџелес.

@stopiteli

I am convinced this works! #tutorial #contour #summer #lifehack #hack #beautyhack #snatched #tiktokwellness #hiddentalent

♬ original sound – Eli Withrow

Хејтерите ќе речат дека ова не функционира, но сигурна сум дека ако ставите крема за сончање со 30 заштитен фактор и 90 на сите места што нормално би ставиле хајлајтер, сонцето ќе ви го контурира лицето“, објасни таа во видеото кое го сподели додавајќи дека така секој може да има природно контурирано лице цело лето.

Но, Националната здравствена организација наведува дека не постои „безбеден или здрав начин“ за сончање и дека сончањето не ја штити вашата кожа од штетни ефекти. Ако не користите крема со заштитен фактор кој ви одговара и не ги покриете сите делови на телото, ризикувате да добиете изгореници или дополнително оштетување на кожата.

Д-р Симран Део вели дека УВ зраците можат да предизвикаат значително оштетување на кожата – особено кај луѓето со посветла кожа.

Иако користењето на креми со заштитен фактор за контурирање може да доведе до привремено потемнување на делот од лицето каде што вообичаено би користеле шминка за да го создадете истиот ефект, штом тие потемни линии ќе исчезнат, можеби ќе останете со трајно оштетување на кожата што се јавува во подоцнежна возраст“, ​​таа рече, пренесува „Daily Mail“.

tiktok
Принтскрин / TikTok

Силните УВ зраци на сонцето можат да доведат до рани знаци на стареење, како што се брчки, области на хиперпигментација како што лентиго или подлабока пигментација позната како мелазма. Тоа може да резултира со оштетување на клетките на кожата, што ќе доведе до рак на кожата и преканцерозни промени, како и да влијае на вашиот имунитет“, рече таа.

Несомнено, станува збор за уште еден опасно глупав трик од социјалните мрежи, какви што се појавуваат секое лето. Кремата за сончање треба правилно да се нанесува на целото лице и тело и во никој случај не може да се користи како замена за козметички третман, предупредуваат експерите.