Селма Хајек и Ентони Хопкинс го прославија Оскарот што актерот неодамна го освои за улогата во филмот „Father“.
Со песната „Dance Me to the End of Love“ од Леонард Коен, Селма и Ентони танцуваа во неговиот дом во Велс.
„Прослава со кралот Ентони Хопкинс – го славиме неговиот втор Оскар за извонредната изведба во „Father“, напиша 54-годишната актерка во описот на видеото што го објави на својот инстаграм-профил.
„Ти благодарам кралице, за љубовта и смеата. Незаборавен, убав ден“, одговори 83-годишниот Ентони под видеото.
Под видеото се нижеа бројни коментари од нивните обожаватели и славни колеги кои не го криеја своето воодушевување за танцот на Хајек и Хопкинс.
Селма и Ентони се пријатели веќе многу години, а таа беше со него кога доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.