Кошаркарите на Бостон селтикс го декласираа Кливленд со 141:103 на натпревар на кој блескаше Џејлен Браун.
Бостон на неверојатен начин ја прекина серијата од три порази во низа и тоа против Кливленд кој пак имаше три победи по ред.
Сепак, играчите на Бостон беа далеку подобар тим на паркетот, во еден момент од средбата имаа предност од 41 поени, а посебен печат на победата даде Џејлен Браун кој сите 33 поени ги постигна за само 19 минути со што постави нов НБА рекорд,за постигнати поени во помалку од 20 поени.
Jaylen Brown scores the MOST POINTS in under 20 minutes played during the shot clock era (1954-55)!
☘️ @FCHWPO: 33 PTS in 19 minutes played ☘️ pic.twitter.com/zPdiEbxPvJ
— NBA (@NBA) January 25, 2021
Гордон Хејворд по заминувањето од Бостон повторно игра одлично и го предводеше Шарлоот до победа од 107:104 над Орландо. Хејворд постигна 39 поени, додека кај Орландо блескаше Никола Вучевиќ со 22 поени и 13 скокови.
Милвоки бакс беше подобар од Атланта хоукс триумфирајќи со 129:115 благодарение на 27. поени и 14 скокови на Јанис Адетокумпо.
Резултати:
Бостон – Кливленд 141:103
Орландо – Шарлот 104;107
Милвоки – Атланта 129:115
Сан Антонио – Вашингтон 121:101
Портланд – Њујорк 116:113